Црвен Крст ги посети затворите во Туркменистан

Делегација на Меѓународниот комитет на Црвен Крст ги посети затворите во Туркменистан. Според соопштението, делегацијата остварила средба и со властите од земјата со кои разговарала за соработкатата во иднина.
Туркменистанските власти често беа критикувани од групите за човекови права, бидејќи одбиваа да им дозволат пристап на меѓународните организации во нивните затвори.