Давутоглу ја прекина посетата на Кина

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу денеска ја прекина својата посета на Кина и ќе се врати во Турција поради сериозното зголемување на напнатоста на турско сириската граница, соопшти денеска претставник на турското Министерство за надворешни работи. Давутоглу во саботата замина во официјална посета на Кина, придружувајќи го турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Најмалку пет лица, вклучувајќи и двајца турски државјани, вчера беа ранети во бегалски камп во Турција откако сириските сили пукале на сириско турската граница.