Застрелани четворица шиитски муслимани во Пакистан

Пакистанската полиција соопшти дека вооружени лица убиле четворица шиитски муслимани во покраината Балучистан, која се наоѓа на границата со Иран и Авганистан. Според полицијата, напаѓачите најверојатно биле припадници на некоја секта.
Се уште никој не презема одговорност за нападот.