Истрага за патувањето на руски градоначалник во Италија

Рускиот блогер за антикорупција Алексеј Навални и локален опозициски веб сајт повикаа да се спроведе истрага за патувањето на градоначалникот на Волгоград Сергеј Боженов и на 40 официјални лица со нивните семејства во еден италијански ресорт. Тие бараат да се утврди дали Боженов искористил државни пари за патувањето и прославата на неговиот роденден на 8 април.
Рускиот весник Независимаја Газета јави дека некои од придружниците на градоначалникот изјавиле дека тоа било бизнис патување, а други дека било приватно патување, кое сами го платиле.
Боженов беше назначаен на функцијата пред два месеца од претседателот Дмитри Медведев.