Во Јемен во напад на Ал Каеда убиени 11 луѓе

Најмалку единаесет луѓе загинале, вклучувајќи и петмина војници, откако припадници на Ал Каеда денеска нападнале една касарна во јужен Јемен. При нападот загинале и четворица милитанти, како и двајца локални жители. Ваквите напади зачестија откако централната власт тешко воспоставува контрола во земјата.