Жбогар повика на мир во северно Косово

Шефот на мисијата на ЕУ во Косово Самуел Жбогар ги повика граѓаните да го сочуваат мирот и да и остават на полицијата го истражи инцидентот во Митровица при кој едно лице загина. Тој изјави дека вчера бил шокиран кога дознал за инцидентот и додаде дека мисијата на ЕУ во Косово заедно со косовските власти започнале истрага за нападот. Станува збор за експлозија во северниот дел на Митровица, каде што прозорот на куќата на албански жител ми бил поставен пластичен екпслозив, при што тој загинал а неговата сопруга и деца се ранети. Инцидентот се случил во српскиот кварт „Трите кули“, каде живеат мал број албански семејства.
Засега нема уапсени, ниту е разјаснет мотивот за инцидентот.
Косовската претседателка Атифете Јахјага го осуди нападот и изјави дека „насилните акти го спречуваат владеењето на правото, посебно во северно Косово.“