Франција ги осуди барањата на Дамаск

Франција ги осуди новите „неприфатливи“ барања на Дамаск за да ги повлече војниците од градовите до 10 април.Соопштението на француското министерство за надворешни работи следуваше откако Дамаск прво побара писмени гаранции дека бунтовниците ќе престанат со борбите пред да се повлечат владините трупи. Дамаск бара и странските влади да престанат да ја финансираат опозицијата. Прекин на оган е дел од мировниот план на спрецијалниот мировен пратеник на Обединетите Нации и Арпаската лига Кофи Анан.
Шефот на таканаречената слободна сириска армија Ријад ал Асад во интервју за новинската агенција Ројтерес изјави дека сирискиот претседател Башар Ал Асад го прекршува дооворот. Ескалирањето на насилството веќе го стави договорот за прекин на огнот под знак прашалник. Опозициските активисти тврдат дека десетина луѓе биле убиени во неделата кога сириските владини сили бомбардирале засолниште на бунтовниците во близина на границата со Турција.