САД испрати експертски тим во Пакистан

Соединетите американски држави испратија екипа експерти во Исламабад за да им помогнат на Пакистанците во потрагата по 135-те луѓе кои се затрупани по големата лавина. Пакистан ќе се консултира со тимот за д дефинираат каква помош им е потребна за да ги извлечат луѓето. Лавината затрупа воен комплекс во близина на индиската граница. Над 200 пакистански војници се на местото каде што се случи несреќата крај глечерот Сијачен кој се наоѓа на планинскиот масив Каракорум и се обудуваат да извлечат преживеани.