Ирак-објавено видео со поранешен потпретседател во бегство

Во ново видео постирано на интернет во Ирак е прикажан еден од членовите на режимот на Садам Хусеин, кој е во бегство. Видеото со поранешниот потпретседател Изат Ибрахим ал Доури е првото кое се појави во јавноста откако властите во 2005 соопштија дека тој е мртов.
Автентичноста и датумот на видеото постирано на Јутјуб не може да бидат потврдени. Во видеото Доури говори против шиитската влада.