Експлозија на бомба во Косово, една жртва

Митровица

Косовските власти соопштија дека едно лице загинало од експлозија на бомба поставена пред неговиот дом во Митровица. Неговата сопруга и четири деца се полесно повредени. Инцидентот се случил во српскиот кварт „Трите кули“, каде живеат мал број албански семејства.
Засега нема уапсени, ниту е разјаснет мотивот за инцидентот.