Сириските власти бараат писмени гаранции од опозицијата

Немирите во Сирија

Сириските власти соопштија дека бараат писмени гаранции од опозицијата пред повлекувањето на војската од нејзините позиции во земјата. Соопштението доаѓа два дена пред крајниот рок на ОН за прекин на огнот.
Сирискиот претседател Башар ал Асад прифати огнот да биде прекинат на 10 април, но според министерството за надворешни работи претходните извештаи за повлекувањето на војската се погрешни.