Јапонија, Јужна Кореа и Кина на средба за Северна Кореа

Кинескиот министер за надворешни работи Јанг Јиечи

Министрите за надворешни работи на Јапонија и Јужна Кореа се сретнаа со нивниот кинески колега да разговараат за плановите на Северна Кореа за лансирање на ракета. Кинескиот министер за надворешни работи Јанг Јиечи, кој беше домаќин на средбата изјави дека Кина е загрижена за развојот на настаните во Северна Кореа. Тој ги повика сите страни кои се вмешани да останат смирени и воздржани.
Северна Кореа соопшти дека ќе ја лансира ракетата од 12 до 16 април.