Странски новинарски екипи на лансирањето ракета во Северна Кореа

Портрет на Ким Ил Сунг

Националната агенција на Северна Кореа јави дека околу 30 странски новинари пристигнале во главниот град Пјонгјанг да го следат лансирањето на ракета која земјата тврди дека е сателит. Според властите, лансирањето на сателитот за набљудување на земјата е за одбележување на стотиот роденден на лидерот Ким Ил Сунг.
Некои земји изразија загриженост дека лансирањето е тест за нуклеарната програма на земјата.