Почина најстариот Македонец во светот

Најстариот Македонец во светот Методија (Тед) Петков, кој на 31 јануари годинава го прослави 108-иот роденден почина во Канада, во Сатон Вест. Петков, како што информираат од Генералниот конзулат на Македонија во Торонто, на јубилејната прослава по повод државниот празник 8-ми Септември, на покана од генералниот конзул на Македонија во Торонто Драган Ѓурчевски, го подигнал македонското знаме во паркот пред Парламентот на Онтарио во Торонто.
Роден е во село Цапари, Битолско, а во Торонто се доселил во 1930 година.