Бројот на жртви во Сирија расте

Масовни гробници во Сирија

Сириската опозиција соопшти дека најмалку 80 луѓе загинале денеска при воените напади на владините безбедносни сили. Сириската организација за заштите на човекови права со седиште во Лондон соопшти дека денешните битки се воделе во областа Ал Латма во провинцијата Хама и дека меѓу жртвите има жени и деца. Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун вчера изјави дека продолжувањето на нападите на сиријските владини сили врз градовите за кои се смета дека ги држи опозицијата претставува кршење на договореното со Советот за безбедност за повлекување на трупите. Според Бан, договореното дека претседателот Башар ал Асад треба да ја прекине употребата на тешко оружје до 10 април, не значи дека тој дотогаш треба да го продолжи убивањето. Бан побара од сиријските власти веднаш да ги запрат сите воени операции.