Ракометарите се збогуваа со Олимпијадата

Репрезентацијата на Македонија ги загуби шансите за пласман на Олимписките игри, откако на вториот меч денеска изгуби од домаќинот Шведска со резултат 27-23. Филип Миркуловски со пет погодоци беше најдобар играч во македонскиот тим, додека на спротивната страна, најзаслужен за победата на Швеѓаните беше Андерсон со осум постигнати гола.
Македонија со денешниот меч ги загуби шансите за пласман на ОИ, додека домаќинот Шведска и репрезентацијата на Унгарија имаат по две победи и обезбеден пласман на Олимпијадата. Утре против Бразил, избраниците на селекторот Ѕвонко Шундовски ќе се обидат да го завршат турнирот на третото место