Јеменскиот аеродром под воена опсада

Јеменските воените сили лојални на поранешниот генерал Мохамед Салех ал Ахмар го опколиле аеродромот во главниот град во Јемен, во обид да го затворат. Воените сили заземале позиции околу аеродромот заканувајќи се дека ќе пукаат во секој патник што ќе го видат. Опсадата на аеродоромот доаѓа откако новиот претседател на Јемен Абед Рабоо Мансур Хади го сменил од функцијата Мохамед Салех ал Ахмар заедно со уште десетина други генерали и четворица гувернери со цел да направи „пат за нови функционери.“ Поранешниот генерал Ал Ахмар одбил да се симне од фунционерската позиција. Тој е еден од многуте воени команданти блиски на поранешниот претседател Али Абдула Салех .