Хамас егзекутира израелски ,,колаборант,,

Газа

Исламистичката група Хамас денеска изврши смртна казна врз еден палестинец осуден за соработка со Израел и врз други двајца за соучество во убиство. Министерството за внатрешни работи на палестинската власт соопшти дека тие биле обесени во Газа. Во соопштението се додава дека семејствата на жртвите можеле да ги спасат осудените мажи со тоа што ќе им простат во последен момент, но тие тоа го одбиле.