Јанкулоска: Акцијата „Детонатор,, ќе продолжи

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави дека продолжува полициската акција „Детонатор,, и оти биле запленети нови 318 апарати за приредување игри на среќа. ,,Покер апаратите се пронајдени на три локации во правни субјекти кои се регистрирани за друга намена. Без исклучок, сите апарати се без лиценца, односно без платени давачки кон УЈП. Заедно со претходната заплена на повеќе локации во Крива Паланка и во Кочани, бројката достигна до 578 апарати за приредување игри на среќа,, рече Јанкулоска.