Ракометарите загубија од Унгарија

Македонските ракометари загубија од Унгарија со 28-26 во првото коло од квалификацискиот турнир за Олимпијадата во Лондон што се игра во Гетеборг во Шведска.
Најефикасен во македонскиот состав беше Кире Лазаров со 7 гола, Наумче Мојсовски постигна 6, а Филип Миркуловски 4.
Покрај Македонија и Унгарија, во групата се уште Бразил и домаќинот Шведска. Пласман на Олимпијадата обезбедуваат двете првопласирани репрезентации.
Македонија игра против домаќинот Шведска, утре во 16 часот, а против Бразил в недела во 14:45.