Сараево: 20 годишнина од почетокот на војната во БиХ

Сараево

Точно 11.541 црвени столчиња се наредени на главната улица во Сараево, по една за секој маж, жена и дете убиени за време на опсада на градот, која започна пред две децении. Денеска во Сараево се одбележува 20 годишнината од почетокот на опсадата на силите на босанските Срби која траеше 44 месеци што е најдолго во модерната историја. Во конфликтот во Босна кој траеше до 1995 година беа убиени 100.000 луѓе, а над 2 милиона ги напуштија своите домови.