Турција страхува од голем бран сиријски бегалци

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу изјави дека неговата земја би можело да има потреба од помош на Обединетите нации доколку од Сирија почнат да доаѓаат повеќе бегалци. Тој додаде дека денеска го информирал генералниот секретар Бан Ки Мун дека само за еден ден границата меѓу двете земји ја минале 2 ипол илјади бегалци. Во Турција сега имало над 24 илјади сиријци кои бегаат од нападите на владините сили врз градовите кои се упоришта на опозицијата.