Лагард: Грција се уште не избегнала банкрот

Кристин Лагард

Грција се уште не ја избегнала опасноста од банкрот, предупреди шефицата на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард. Таа, како што пишува грчкиот весник „Катимерини,, упатила јасна порака до политичките сили во Грција со оглед на претстојните парламентарни избори во земјата, дека и покрај новиот кредитен рејтинг и успешниот крај на програмата за реструктуирање на долгот, Грција не ја избегнала опасноста од банкрот. Претставникот на ММФ Џери Рајс вчера изјави дека уверувањата, дадени од ПАСОК и Нова демократија, дека се придржуваат до примената на договорот, дејствуваат смирувачки за Фондот, но оти е природно кога во една земја се одржуваат избори да има извесна несигурност.