Уште еден министер од владата на Тимошенко во затвор

Поранешниот министер за животна средина на Украина Георги Флипчук е осуден на три години затвор за злоупотреба на службената положба. Неговиот адвокат изјави дека Филичук само ги извршувал инструкциите од тогашната премиерка Јулија Тимошенко, која исто така е на издржување казна затвор од 7 години. Во февруари беше осуден на 4 години затвор и министерот за внатрешни работи од времето на владата на Тимошенко, Јури Лутсенко.