Груевски оствари средба со делегација на Конгресот на САД

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски денеска оствари средба со делегација на Конгресот на САД, предводена од конгресмените Дејвид Драјер, Дејвид Прајс, Џим Мекдермот, Ерик Паулсен и Гери Коноли.
Посебен акцент бил ставен на надворешнополитичките приоритети на Македонија и активностите што се преземаат во таа насока. Груевски ја истакнал посветеноста Македонија за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за спорот со името со Грција, што претставува единствена пречка во европскиот и евроатлантскиот интегративен пат на Македонија.