Остатоците од Титаник под заштита на УНЕСКО

Слика од потонувањето на Титаник

Остатоците од бродот Титаник, кои 100 години се наоѓаат на дното на Атланскиот океан ќе бидат под заштита на УНЕСКО. Остатоците беа откриени во 1985 година во меѓународни води и затоа не и припаѓаат на ниту една земја. Но сите остатоци стари по еден век потпаѓаат под јурисдикција на Конвенцијата на ОН за заштита на подводното културно наследство.
Бродот потона на 14 април во 1912 година при што загинаа 1514 лица.