Сиријски бегалци во Турција

Турските власти соопштија дека околу илјада бегалци од Сирија вчера пребегале во Турција и оти сега нивниот број изнесува над 21 илјада. Новинските агенции, повикувајќи се на активисти, јавуваат дека денеска во Сирија продолжиле судирите меѓу владините сили и бунтовниците. Во меѓувреме, сиријскиот режим се подготвува во Дамаск да се состане со пратеникот на ОН и на Арапската лига Кофи Анан. Главна точка на разговорите е предложеното распоредување 250 мировници кои треба да го надгледуваат примирјето откако, владините сили, како што најавија, на 10 овој месец ќе се повлечат од градовите.