10 мртви, 25 повредени во бомбашки напад во Авганистан

Најмалку 10 луѓе се мртви, а 25 повредени во самоубиствениот бомбашки напад во северниот дел од Авганистан. Се уште не е јасно која била целата на нападот Мајмана, главниот град на областа Фарјаб. Полицијата соопшти дека во експлозијата загинале четири полицајци. Според некои извештаи во нападот загинале и војници на НАТО, но се уште нема официјална потврда за тоа.Од мисијата на ИСАФ соопштија дека двајца војници биле убиени во експлозија на бомба во средата во северниот дел на Авганистан. Не се знае дали двата инциденти се поврзани.