Дик Марти ќе сведочи во случајот со трговија на органи во Косово

Поранешниот швајцарски сенатор Дик Марти

Косовскиот суд донесе одлука да го повика поранешниот швајцарски сенатор Дик Марти како сведок во случајот со клиниката „Медикус“, кој се заснова на обвиненијата за трговија со човекови органи и организиран криминал. Случајот се заснова на тврдењата дека во клиниката биле изведени околу 30 нелегални трансплантации на бубрези. Донаторите биле сиромашни луѓе од Истанбул, Москва, Молдавија и Казахстан на кои им ветувале дека ќе добијат до 15.000 евра.