ХРВ бара од БиХ да ја отстрани дискриминацијата

Хјуман Рајтс Воч соопшти дека ромите, евреите и другите малцинства во Босна и Херцеговина и натаму се надвор од политиката во земјата. Во извештајот, објавен денеска, оваа организација ги повикува босанските лидери да ја отстранат етничката дискриминација од Уставот, законите и јавните институции, Уставот на БиХ ја дефинира земјата како држава на бошњаците, србите и хрватите.