Претседателот на Србија, Борис Тадиќ, поднесе оставка

Претседателот на Србија Борис Тадиќ денеска соопшти дека поднесува оставка на функцијата, 10 месеци пред истекот на мандатот. Целта на оставката на Тадиќ е да го отвори патот за истовремено одржување парламентарни и претседателски избори на 6-ти мај годинава. Тадиќ соопшти дека ќе се кандидира на претседателските избори и оти верува дека ќе победи.