Лавров: Групата Пријатели на Сирија ги поткопува напорите за мир

Групата Пријатели на Сирија ги поткопува напорите на специјалниот пратеник за Сирија, Кофи Анан за запирање на насилствата во таа земја, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тој смета дека со најавата на групата Пријатели на Сирија дека ќе ја вооружуваат сиријската опозиција не се во прилог на смирување на состојбата. Лавров оценил дека сиријската опозиција, дури и да биде вооружена до заби, нема да ги победи владините сили.