Сириската влада објави почеток на повлекувањето, опозицијата негира

Сириската влада објави дека вчера го почнала повлекувањето на силите од помирните региони, една недела пред истекувањето на рокот за спроведување на меѓународниот план за прекин на огнот. Од друга страна, опозициски активисти тврдат дека владините сили вчера го интензивирале гранатирањето во обид да ги „скршат“ противниците пред истекот на тој рок.
Противставените соопштенија не може да се потврдат од независни извори, затоа што сириската влада им забрани на странски новинари да работат во земјата.