САД бараат итна реакција ако Сирија не го одржи ветувањето

Сузан Рајс

САД порачаа дека Советот за безбедност на ОН мора итно и сериозно да реагира доколку Сирија не го одржи ветувањето дека до 10 април ќе ги запре воените операции против опозициските сили. Американската амбасадорка во ОН Сузан Рајс изјави дека сириските сили ги продолжуваат офанзивните операции и оти САД се загрижени и скептични дека владата на Сирија ќе ги исполни своите обврски.
САД и Франција подготвија нацрт претседателско соопштение на Советот за безбедност во кое се поддржува планот на Кофи Анан, а според францускиот амбасадор, тоа би можело да биде усвоено денеска или утре.