Победа на Мит Ромни во три држави

Мит Ромни направи голем чекор кон победа на прелиминарните избори на Републиканската партија за кандидат за претседател на САД, откако освои најмногу гласови во вчерашното гласање во Висконсин, Мериленд и Вашингтон Д.Ц. Во својот победнички говор во Милвоки, Ромни го игнорираше најголемиот ривал Рик Санторум и остро го критикуваше претседателот Барак Обама за неговото водење на американската економија и за високите цени на горивата.
Претседателските избори на кои ќе се соочат Обама и победникот на прелиминарните избори кај Републиканците ќе бидат одржани во ноември годинава.