Лагард-глобалната економија и натаму е кревка

Шефот на ММФ Кристин Лагард

Шефот на ММФ Кристин Лагард изјави дека глобалната економија заздравува по кризата, но и дека се уште е кревка. Таа говорејќи во Вашингтон ги поздрави напорите на земјите од еврозоната во справувањето со должничката криза. Според Лагард, програмите на еврозоната за итни ситуации треба да продолжат и да бидат надградени.
Таа нагласи и дека на ММФ му се потреби повеќе средства за да ги ублажи финансиските стресови.