Катар одби да го екстрадира потпретседателот на Ирак

Ирачкиот потпретседател Тарек ал Хашеми

Катар одби да го предаде ирачкиот потпретседател Тарек ал Хашеми кој е во бегство. Властите соопштија дека нема да го екстрадираат Хашеми, кој е обвинет за тероризам, бидејќи таквиот потег е спротивен на дипломатските норми.
Ирачката шиитска владејачка партија го обвини Хашеми за организирање на смртоносни напади.