Ердоган ги обвини ОН за индиректно поддржување на тиранијата во Сирија

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека Советот за безбедност на ОН со тоа што не донел решение за Сирија индиректно ја подржува тиранијата во земјата. Според него, Турција нема да му го сврти грбот на сирискиот народ и нема да го остави на народ на милост и немилост на судбината.
Ердоган напомена дека не верува во ветувањата на сирискиот претседател Башар ал Асад за спроведување на мировниот план предложен од пратеникот на ОН и на Арапската лига за сириската криза Кофи Анан.