Покренати обвиненија против 13 милитанти во Франција

Припадници на француските специјални сили при апсењето на Мохамед Мерах во Тулуз


Француското обвинителство соопшти дека се покренати обвиненија против 13 милитанти кои беа уапсени во земјата во минатата недела. Некои од осомничените се членови на екстремистичката група Форсане Ализа или Витези на гордоста, која планирала да киднапира судија.
Најмалку тројца од уапсените се пуштени на слобода. Осомничените беа притворени при рациите во неколку градови, по убиството на исламскиот милитант Мохамед Мерах, кој уби девет лица во Тулуз.