Сиријските безбедносни сили најавиле повлекување

Кофи Анан

Специјалниот пратеник во Сирија Кофи Анан изјави дека претседателот Башар ал Асасд се согласил да ги повлече безбедносните сили од сиријските градови до десетти април. Тоа по два дена би создало можности за прекин на огнот. Анан ја даде изјавата на брифинг на Советот за безбедност при Обединетите нации. Американскиот амбасадор во ОН Сузан Рајс рече дека за Сирија ќе се пресудува согласно постапките а не зборовите, додавајки дека официјален Дамаск не исполнил слични заложби во минатото.