Авионот во Сибир се урнал поради технички проблеми

Несоодветно одмрзнување на леталото е причина за авионската несреќа во која загинаа 31 лице во Сибир. Првиот човек на Руската агенција за цивилно воздухопловство Александар Нерадко, кој ја соопшти информацијата, дополни дека за сега нема показатели дека немарност е причина за несреќата. Истрагата покажала дека падот на авионот во снежно поле во Сибир бил предизвикан од технички проблеми. Од вкупно 43 патници дванаесетмина преживеани се во болница со тешки повреди.