Ирак го обвини курдскиот регион за затјување пари од нафта

Ирак ја обвини курдската регионална влада во северниот дел на земјата дека затаила милијарди долари од исплатата на нафта. Според нив, курдските власти шверцуваат сурова нафта и нафтени производи, кои ги продаваат во странство. Обвинувањата доаѓаат за време на спорот за исплаќањето на нафтата меѓу ирачките и курдските власти.
Во неделата Курдите го прекинаа транспортот на нафта преку Багдад, бидејќи не добиле пари од мај, иако во регионот биле извезувани и по 50 илјади барели нафта на ден.