Осудени членови на семејството на Бин Ладен во Пакистан

Поранешниот лидер на Ал Каеда Осама Бин Ладен

Пакистанскиот суд ги осуди на 45 дена казна затвор и парична казна од 110 долари членовите на семејството на поранешниот лидер на Ал Каеда Осама Бин Ладен. Трите вдовици и две негови ќерки беа обвинети за нелегален влез и престој во Пакистан.
Судот им нареди на властите жените да бидат вратени во земјите од каде што потекнуваат. Тие веќе поминаа еден месец во притвор, што значи за две недели би требало да бидат депортирани од земјата.