Стотици приведени на протестите пред седиштето на НАТО

Околу 500 активисти се приведени за време на протестите против НАТО што се одржаа пред седиштето на Алијансата во Брисел. Активистите се обидуваа да влезат во седиштето но полицијата ги блокираше во нивната намера. Полицијата соопшти дека тие што се приведени ќе бидат ослободени.
Активстите кои протестираа ги критикуваа акциите на НАТО во Авганистан и во Либија. Тие исто така го критикуваа планот на НАТО за поставување ракетен штит во Европа.