Во Германија разговарале делегации на С.Кореја и САД

Делегации на Северна Кореја и САД одржале за време на викендот неформални разговори во Германија, изјави директорот на Институтот Аспен во Берлин Чарлс Кинг Мелори. Тој не наведе за што се разговарало ниту кој учествувал во разговорите кои се одржани и покрај тензиите околу плановите на Северна Кореја за лансирање ракета од долг дострел.
Истражувачкиот Институт Аспен кој има седиште во Вашингтон, минатата година во Германија организираше состанок на Северна Кореја – САД на кој учествуваа поранешни американски функционери, но не и актуелни претставници на САД.