Три дена жалост во Нови Сад

Клубот Контрас во Нови Сад

Градскиот совет на Нови Сад денеска на вонредна седница донесе одлука од утре да биде прогласена три дневна жалост поради трагедијата во дискотеката Контрас, при која загина шест млади лица. Според соопштението, жртвите се од Нови Сад, Крагуевац и Кинкида.
Градоначалникот на Нови Сад, Игор Павличиќ изрази најдлабоко сочувство на семејствата на загинатите и вети максимална поддршка од градот.