Опозицискиот сириски национален совет ќе ги исплати бунтовниците

Членови на Сириската ослободителна армија

Опозицискиот сириски национален совет соопшти дека ќе им плати на бунтовниците кои се борат против режимот на претседателот Башар ал Асад. Плати ќе добијат сите офицери, војници и другите членови на Сириската армија за слобода.
Одлуката беше соопштена на средбата Пријатели на Сирија во Истанбул.