Попоски-Македонија го поддржува планот на ОН и Арпаската лига за Сирија

Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Попоски

Министерот Никола Попоски во своето обраќање на конференцијата Пријатели на Сирија во Истанбул нагласи дека Македонија ги поддржува напорите на Обединетите нации и Арапската лига за мирољубиво решавање на сириската криза. Тој даде подршка и на Мировниот план од шест точки на Кофи Анан и ги повика сириските власти за негова итна и целосна имплементација и ставање крај на насилствата. Според Попоски, политичкото решение за кризата и демократската транзиција е во интерес на сирискиот народ и во интерес на регионалната стабилност и глобалната безбедност.
На маргините на конференцијата, министерот Попоски оствари повеќе кратки средби со претставници од други земји.