Милитанти убиле седум војници во Јемен

Јеменски војници

Приврзаниците на Ал Каеда нападнале воена база во јужен Јемен, при што седум војници го загубиле животот. Властите соопштија дека милитантите ги нападнале војниците додека спиеле во нивната база во реонот Шибам.
Нападот е еден од последните серија инциденти врз војската која е ослабена поради политичкиот пресврт во земјата.