Египет- Муслиманското братство избра кандидат за претседател

Прославата на Муслиманското братство по парламентарните избори во Египет

Египетското Муслиманско братство го избра Хаират ал Шатер за нивни кандидат за претседателските избори во земјата. Тој е заменик на лидерот на партијата и е успешен бизнисмен во Египет.
Партијата за слобода и правда доминираше на парламентарните избори по соборувањето на режимот на Хосни Мубарак. Доколку победат на изборите тие ќе имаат контрола врз политичкиот живот во Египет.